Како да се спремал за војна: Полицијата влезе во куќа во битолско и пронајде цел арсенал оружје и муниција (ФОТО)

Денеска (28.12.2025), полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија, дрога и оружје при СВР Битола во координација со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција го лишија од слобода А.А.(51) од с.Кишава, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една автоматска пушка „М70АВ2″ од југословенско производство, една рамка за пушката и 258 куршуми калибар 7.62х39мм. Исто така, пронајдени се и четири ловечки пушки, еден пиштол, 78 ловечки патрони калибар 12мм, 50 куршуми калибар 8х57мм и 72 куршуми калибар 9мм.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.