Медот е најевтиното здравје што може да се купи и затоа кога го купувате овој продукт не треба да штедите. Во продавниците медот е индустриски, но на пазарите, за жал често може да наидете на лажен мед, па тоа што е поевтин не значи дека ќе заштедите, туку дека само ги фрлате парите, затоа што од него нема никаква здравствена корист.
Фалсификаторите мошне вешто го користат незнаењето на потрошувачите, свесно ги трујат, но и го загрозуваат нивниот стандард. Затоа еве како без лабораториски услови во домот да проверите што сте купиле и никогаш повеќе да не одите на таа тезга.
Во супена лажица ставете малку мед. Држете ја лажицата над пламен од свеќа и постепено загревајте го додека медот не зоврие. Ако не ја менува бојата и мирисот, тогаш е вистински, ако потемне или мириса на шербет, тогаш е фалсификат.
Во сад ставете две супени лажици мед. Додадете шест супени лажици алкохол и постепено загревајте на електричен шпорет 10 минути. Несмее да се загрева на отворен пламен поради можноста алкохолот да се запали. Ако на дното се појави бел талог, тогаш медот е фалсификуван.
Во чаша ставете една супена лажица мес и исто толку дестилирана вода. Добро измешајте и додадете неколку капки јод. Ако добие сина боја, тогаш не е мед, туку е фалсификат во кој е додаван скроб или желатин.