Како да ги надмудрите годините?

anti-age-650x396

Стареењето е неизбежно, но тоа не значи дека треба да престанете да се смеете или постојано да се муртите. Внесете неколку ситни измени во вашиот секојдневен живот и ќе ги надмудрите годините.

Одете брзо по 40 минути три пати неделно

Иако спортот воопшто е добар за здравјето, тој е добар и за кожата, затоа што ја забрзува размената на кислород. Сепак избегнете го трчањето по груба подлога затоа што поголемата осцилација на телото горе-долу ќе предизвика вашата кожа побрзо да се истегне. Добар избор би била лентата за трчање или скалите. Ако немате време за тоа, секој викенд возете велоспиед по два часа.

Изберете ноќна крема со ретинол

Ништо не ја мазни кожата и не го стимулира производството на колаген и еластин како ретинолот. Но, со оглед на тоа дека тој е чувствителен на силната сончева светлина, би било најдобро да ја нанесувате навечер, пред спиење.

Правете пилинг барем еднаш неделно

На кожата и е мошне тешко да се регенерира ако на неа имате остатоци од себум, шминка и мртви ќелии, па затоа е важно постојано да ги отстранувате. Ако немате пилинг, можете да промешате малку шеќер со млеко за чистење лице.

Не конзумирајте брза храна

Во младоста не размислувате за брчките, но вашата кожа се помни, а сметката ќе ви ја сервира многу подоцна. Газираните пијалаци, помфритот и пицата се полни со шеќери што го уништуваат колагенот и еластинот, кои се чувари на нејзината цврстина.

Практикувајте ментален ботокс

Секој ден затворете ги очите и концентрирајте се на мускулите на лицето. Полека опуштајте ги еден по еден замислувајќи си дека сте на ботокс третман. Фокусирајте се на областа меѓу вегите, околу очите и усните. Во таа прилика држете ја устата благо отворена. Иако можеби не ви делува мошне сериозно – сепак дејствува.

Спијте на сатенска перница

Ова можеби сте го слушнале многу пати, но дали досега сте го направиле? Колку е понежна подлогата, помало е триењето помеѓу неа и кожата и нема трауматизирање на лицето. Бидете внимателни кога бирате навлака за перница, затоа што тоа е сепак површината што осум часа дневно е во контакт со вашето лице.

Навечер пијте цеден сок од портокал

Цедениот сок од портокал ќе ја опорави вашата кожа од стресот и од дневното оштетување кое настанало од сончевите зраци. Витаминот Ц што го има во овој сог помага при производството на колаген. Тие 75 милиграми Витамин Ц можете да ги внесете и преку свежа пиперка, брокула или со половина цитрон. Со оглед на тоа дека станува збор за минимални количини, полесно ќе заспиете.

Избегнете го јо-јо ефектот на тежината

Растегни, затегни, растегни, затегни… Така ќе попушти секој џемпер, па замислете што се случува и со вашата кожа. Од 40-тата година вашата кожа не се регенерира толку брзо па и дури ако изгубите тежина, таа нема да се врати „на место“. Тоа се гледа особено на сите насобрани брчки.

Носете XXL очила

Дури и кога сонцето не е силно, неговите зраци ја погодуваат нашата кожа, а особено онаа тенката и нежна околу очите. Кога купувате очила проверете дали стаклата имаат УВ заштита и нека ви ја прекриваат целата област околу подочниците и горните капаци.

Нахранете ја кожата во текот на летото

Жените воопшто не се свесни кој стрес го доживува нивната кожа во авион. Таа останува без кислород и на тој начин многу побрзо пропаѓа. Пред да влезете во авион нанесете хранлива крема и во периодот на летото пијте многу вода.

Кремата за нега на кожата околу очите нанесете ја и околу усните

Кожата околу усните е мошне тешко да ја третирате со различни третмани против стареење. Затоа е потребно на овој дел од вашето лице уште од 25-тата година да му посветите посебно внимание. Избегнувајте го екстремното собирање на усните, т.е. немојте да пиете со цевка и да пушите.

Носете фактор за заштита 30 секојдневно

Сончевите зраци на кои што цела година сте изложени во град, на улица, го оштетува вашето лице слично како што тоа го прави во четири недели најјакото сонце на Малдиви. Пред да излезете од дома, дури и кога е облачно заштитете се со добар фактор.

Конзумирајте лимон и маслиново масло наутро

Кога ќе станете земете една лажица мешавина од половина лимон и една супена лажица студено цедено маслиново масло. Антивоспалителни агенси, полинезаситени маснотии, полифеноли и витамин Ц – тоа се сите потребни антиоксиданси, а ги има во оваа мешавина.

Удвоете ја дневната нега

Ова е клучен чекор за помека кожа. Кога ќе се разбудите, веднаш измијте се и додека лицето сеуште ви е влажно нанесете тенок слој крема. По појадокот ставете уште еден тенок слој или некоја крема против стареење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.