Скопскиот аеродром се поднови со ново современо возило за противпожарна заштита и спасување, кое повеќе изгледа на вселенско летало, отколку на обичен камион за интервенција при пожар.
-Ова најсовремено возило комбинира моќ, прецизност и брзина, со напредна технологија за противпожарна заштита, капацитети и системи, како и способност за брз одговор – затоа што во итна ситуација, секоја секунда е важна. Секако, во центарот на оваа надополнување стои нашиот посветен тим за противпожарна заштита и спасување на аеродромот, секогаш подготвен да одговори со храброст и професионализам.
Заедно, градиме побезбеден, поотпорен аеродром за сите – напишаа од Скопскиот аеродром на социјалните мрежи.






























