Како Америка ги вооружува кризните региони во светот

bosna-specijalci-vehabije-600x300

Сите војни и конфликти во последнава деценија имаат една заедничка карактеристика. Без оглед на географската положба, националниот или верскиот карактер на страните кои се во конфликт, сите добиваат оружје од американските воени сили.

Оваа тактика се заснова на желбата на САД да го примене својот омилен метод за дестабилизирање на државите и регионите: создавање на контролиран  хаос.

Со помош на правни, полу-правни и кривични методи, тие носат оружје во регионот, а потоа ги дестабилизираат социјално-политичките услови кои доведуваат до појава на вооружен судир.

Неодамна, еден од водечките американски медиуми објави статија во која отворено пишува за неможноста  на следењето на оружјето кое е легално пратено на Блискиот исток.

Авторот на статијата пишува за Хусеин Махјави од Ирак, кој користел фејсбук за да продаде “карабин М4” кој припаѓал на американските воени сили.

Истовремено, пушката имала ознака која е карактеристична за американското воено наоружување, вклучуваќи го и QR-кодот со единствени податоци за оружјето.

Иако управата на социјалната мрежа реагираше на пријава на корисници, а страната на Хусеин е бликирана, црниот  пазар за оружје на Блискиот  исток забрзано се  шири, а интернетот е една од најпогодните трговски платформи.

Покрај огненото оружје, Пентагон веќе долго време испраќа и тешко вооружување во Ирак и Афганистан, како што се RPG-7, SPG-9 топови и друго оружједизај нирано да ја уништи непријателската оклопна опрема.

 

МАРКУКУЛЕ.МК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.