Денеска (01.11.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола се реализирани неколку превентивни активности, односно на подрачје на Прилеп и Крушево, во средните училишта „Орде Чопела“, и „Наум Наумовски Борче“ се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“.
Во рамки на работилниците средношколците беа запознати како со облиците и последиците од врсничкото насилство така и со последиците коишто произлегуваат од користењето и трговијата со дрога.
Во текот на денов, и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализираа превентивни активности во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот на тема – „Не користи алкохол кога возиш“ при што на возачите им беше укажувано на опасностите при управување возило под дејство на алкохол и санкциите што произлегуваат од таквото незаконско постапување.
Полициски службеници од Полициското одделение Новаци, пак, реализираа превентивна активност на подрачјето на Новаци во делот на заштитата од кражби и измами и во рамки на тие активности на граѓаните покрај совети и препораки им беше поделен и едукативен информативен материјал.