Каде е Миле Талевски, вечниот гyбитник?

Изминаа пет дена од првиот изборен круг во кој Прилеп избра градоначалник.

Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 7.500 гласови го порази Горан Сугарески од СДСМ и уште од понеделник ќе го преземе раководењето со општина Прилеп.

И додека Сугарески уште наредниот ден се заблагодари на своите гласачи и му честиташе на Јовчески за победата, петти ден од изборниот пораз го нема пратеникот и претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

Талевски досега немаше доблест и политичка култура да честита за изборната победа, a заборави и на своите поддржувачи и не се заблагодари за нивната поддршка и активизам.

Речиси во сите општини каде се избра градоначалник во првиот круг, поразените му честитаа на победниците, некои дури и испија заедничко кафе.

За Талевски се чини тоа не е проблем, за него нема зима. Пратеничката плата си тече, а честитките и вниманието кон своите ќе почека до наредните, веројатно вонредни парламентарни избори.

За потсетување, Миле Талевски е избран за претседател на ОО СДСМ Прилеп веднаш после локалните избори во 2017 година.

Како прв човек на општинската организација во Прилеп, Талевски загуби на претседателските и парламентарните избори.

Со поразот во неделата, Талевски постигна хет-трик во изборни порази, па неслучајно членството јавно на социјалните мрежи бара негова итна оставка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.