Кавадарци со мегапроект, Прилеп никако да почне да ја покрива Градската Река

Во тек се градежните активности на Кавадаречки дол, проект кој е во рамки на проектот “Справување со загадување “,кој Општина Кавадарци веќе 2 години го имплементира во соработка со УНДП – информира на социјалните мрежи градоначалникот на општината, Митко Јанчев.

-На оваа локација се предвидува озеленување на површина од 15 000 метри квадратни и покривање на Кавадаречки дол во должина од 760 метри. Со реализацијата на овој проект, просторот ќе добие нов, современ и еколошки изглед, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животната средина и здравјето на граѓаните. Кавадаречки дол ќе прерасне во уредена и зелена урбана целина, наменета за рекреација, прошетка и пријатен престој, како значаен чекор кон поодржлив и почист град, стои во објавата на градоначалникот Јанчев.

Инаку во Прилеп со години се ветува покривање на сегменти од Градската Река, уредување на речното корито со патеки, урбана опрема….но, овие ветувања се’ уште се само пишан збор на хартија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.