Најмасовниот граѓански марш “За заедничка Македонија” во Прилеп, вечерва го предводеа спортските икони на градот. Пред илјадниците прилепчани се обрати тренерот на РК Прилеп Ице Соколески, кој уште еднаш ја пренесе поддршката од спортската јавност, со цел зачувување на националните симболи, под кои спортистите се борат за клубовите и националните селекции.
А.Г.