Италијанскиот парламент одлучи: Гласање за недоверба на Владата на 20-ти август

Гласањето недоверба за италијанската влада на премиерот Џузепе Конте е закажано на 20-ти август, одлучи парламентот.

За датумот на гласање се договорија претставниците на сите парламентарни партии, освен на владеачката Лига, Форца Италија на Силвио Берлускони и Италијанските браќа, кои сакаа гласањето да биди веќе денес, пренесува порталот Политико.

Кризата на италијанската политичка сцена ја започна министерот за внатрешни работи и лидер на Лига, Матео Салвини, кога минатата недела повика на предвремени избори, наведувајќи дека движењето Пет ѕвезди веќе не постои.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.