Италија ги укина ЛГБТ термините: Наместо родител 1 и родител 2, вратени термините мајка и татко

Матео Салвини министер за внатрешни работи на Италија, објави на својот Фејсбук профил дека во иднина во формуларите за лични документи ќе пишува мајка и татко, наместо родител 1 и родител 2, кои како термини ги воведе претходната социјалистичка власт на Матео Ренци.

Италија, каде владата ја сочинуваат анти-ЕУ партиите Лига и евро-скептичкото движење 5 ѕвезди, новата уредба ја донесе минатата недела, со цел да ја поттикне обновата на традиционалниот концепт на семејство.

“Доста беше родител 1 и родител 2. Ги вратив мајката и таткото”, рекол Салвини.

“Во министерството за внатрешни работи ми рекоа дека во формуларите за лична карта стојат термините родител 1 и родител 2. Веднаш наредив тоа да се промени на интернет страницата, ги вратив поимите мајка и татко. Тоа е мал гест, но јас секогаш ќе го работам тоа што ми го дозволува Уставот”, вели Салвини.

Салвини додава дека неговата влада ќе го брани природното семејство заосновано на врската помеѓу маж и жена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.