Исчистете ја рѓата лесно и едноставно: “Останав без текст, не очекував дека токму со кечап ќе го направам тоа”

Џолин Изи на Фејсбук сподели трик за чистење на рѓата од купатилото на многу едноставен начин.

“Само што се вселив во преубава куќа, но тушот и шипката беа целосно зарѓани. Решив да пробам трик со кечап и фолија и останав без текст. Единствениот проблем е во тоа што воопшто не верував во овој трик, па не го сликав xopoрот во купатилото пред моето чистење”, вели таа.

Се што треба да направите е металната површина да ја намачкате добро со кечап, да оставите така пет минути и потоа да ја истриете со фолија.

Овој трик функционира бидејќи речиси секој бренд на кечап содржи киселина во доволно блага количина да може да ја отстрани рѓата и да не ја оштети површината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.