Денес пред Министерство за здравство, во организација на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ се одржа протест под мотото „Здравје, а не провизија“.
Претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски обраќајќи се од протестот пред Министерството за здравство насловен „Здравје, а не провизија“, го искажа разочарувањето и незадоволството од Влада поради тоа што таа не се справува како што треба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19.
На крајот на протестот тој заедно со луѓето кои со него се собраа да го искажат револтот кон министерството за здравство на чело со Венко Филипче и целокупната Влада предводена од Зоран Заев, фрлаа балони полни со вода кон зградата на министерството за, колку толку, да им го измијат срамот.