Истражувања спроведени во 160 земји од целиот свет покажаа дека луѓето се најмалку задоволни кога се на возраст од 45-та до 54-та година од животот.
Со проблемот со „средовечната криза“ се занимавале наичници од повеќе земји, меѓу кои и од САД, Канада, Велика Британија и Австралија, кои се обиделе да дадат објаснување за оваа појава.
Тие констатирале дека причина за оваа криза најверојатно е тоа што луѓето се изложени на големо количество на стрес и лутина во тој период од животот.
Но, интересно е дека тој период пак е многу погоден за продуктивност во работа, наведува „Индепендент“.
Научниците сепак заклучиле дека тоа е минлив период и дека по оваа „средовечна криза“ работите почнуваат да се менуваат на подобро.