Истражување: На жените им треба повеќе сон, оти го користат мозокот повеќе од мажите

Истражување кое опфатило 210 средовечни мажи и жени, посочува дека на жените им треба повеќе спиење отколку на припадниците на „посилниот пол“, како и дека припадничките на „понежниот пол“ имаат поголеми здравствени проблеми поради недостаток на сон.

-Резултатите говорат дека кусиот сон кај жените е тесно поврзан со високите нивоа на психичка болка и посилно чувство на непријателство, депресија и лутина. Од друга страна пак, овие чувства не се поврзани со нарушување на спиењето кај мажите, изјави професор Џим Хорн, дел од британскиот истражувачки тим од Универзитетот на Лоубороу.

Една од главните функции на спиењето е да му овозможи на мозокот да се освежи и обнови самиот себе. Како што објаснуваат стручните лица, при длабок, цврст сон, кортексот – делот од мозокот одговорен за помнењето, меѓу другото, се одвојува од сетилата и на тој начин, тој се обновува.

-Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе спиење Ви треба, за тоа освежување на мозокот, истакна професор Хорн.

Извор: “Република.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.