Повеќето луѓе сакаат да бидат богати и славни, веројатно без да бидат свесни за тоа дека и астрологијата игра улога во овие нивни желби, односно дека на одреден тип на луѓе им е предодредено да успеат во животот.
Преку анализа на листата на милијардери на „Форбс“, астролози забележале дека најголемиот број од нив се родени во хороскопскиот знак Вага, пренесува „Бизнис Инсајдер“.
Познати личности кои не се милионери, меѓутоа исто така изобилуваат со богатство и се доста славни, а се родени во знакот вага се и Мајкл Даглас Кетрин Зета Џоунс, Вил Смит, Гвен Стефани, Зак Ефрон, Еминем, Мет Дејмон, Серена Вилијамс и уште многу други.
Според оваа анализа на „Бизнис Инсајдер“, покрај лицата родени во хороскопскиот знак вага, останатите на кои им е преодредено да бидат богати и славни се родени во знак риба, рак, лав и бик.
Од друга страна пак, девиците, стрелците и јарците се хороскопски знаци кои не го носат ова одбележје.