Историчарот Кире Николоски и тогашен член на Собранието на Општина Прилеп, објави историски фотографии од луѓето кои пред 30 години донесоа одлука за 3-ти Ноември пригодно да се одбележува како Ден на ослободувањето на Прилеп.
-Пред 30 години, Собранието на Општина Прилеп донесе одлука 3 ноември да се одбележува како ден на ослободување на Прилеп. Дел од одборничката група на ВМРО ДПМНЕ од 1990-96 која ја донесе таа одлука, дел од првите и најхрабрите патриоти кои ги поставија темелите на ВМРО ДПМНЕ и на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА…Почит браќа – напиша Николоски.
            
























