Искуството на бившиот репрезентативец пресудно за втора победа по ред на РК Прилеп

Екипата на Прилеп успеа со 28:25 да го совлада Радовиш во 5. коло од плеј-аутот на Супер лигата.

Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ домашните ја имаа иницијативата и водството во текот на целиот меч.

На полувреме избраниците на Горан Кузманоски беа на плус два (13:11), во продолжение зголемија на недостижни осум разлика.

Ова е втора победа во серија, по претходната во Струга, така што прилепскиот тим се доближи до второто место од табелата.

Најдобар во составок на прилепчани вечерва беше ветеранот Реваз Чантурија кој постигна дури 11 погодоци. Христи Бикоски беше прецизен 5 пати, а Давор Шокоски постигна 4 погодоци.

Во наредното коло Прилеп го пречекува Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.