Ирена Ванчоска од Прилеп во 5 дена ги загyби двајцата родители во пандемиjaта, а сега доби стипендиja со која ќе го продолжи студирањето

Ирена Ванчоска од Прилеп која е втора година на Медицинскиот факултет во Штип насока фармација, ја доби првата стипендија од Хуманитарното здружение кое го носи името на прерано починатиот доктор Симеон Василев – објави телевизија “M НЕТ”

Ирена за време на пандемијата од Ковид-19 во пет дена ги загуби двајцата родители. По загубата Ирена живее со нејзината малолетна сестра и нивниот дедо, снаоѓајќи се со скромни примања.

Благодарение на доделената стипендија, Ирена ќе може да го продолжи своето образование, за што е неизмерно благодарна.

Стипендијата Ирена ќе ја добива се до диплонирање, а исто така ќе ги добива и потребните книги и материјали кои и’ се неопходни во студирањето.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.