Информативна табла за МАРКУКУЛЕ во центарот на градот

12511764_10206940839573897_301274110_n

Информативна туристичка табла за прогласувањето на Маркукуле за споменик на природата, деновиве е поставена во центарот на градот. Со цел да се запознаат граѓаните, но и туристите за причините поради кои е направено ова прогласување, градските власти ја поставија оваа табла, и истата е на македонски и англиски јазик.

На таблата е објаснета местоположбата на локалитетот, растителните видови кои постојат таму, површината и.т.н.

Марковите Кули се нај автентичното место во градот, нешто по што градот е препознатлив и на далеку познат.  Овој локалитет познат по специфичните облици на карпите, за кои се претпоставува дека се стари и до 700 милиони години, е вистинско ремек дело на природата, и како такво го краси Прилеп.

12506685_10206940839293890_689424436_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.