“Инфомакс”: СКАНДАЛ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ: Шеќеринска и нејзниот кабинет со армискиот хеликоптер се развозувале по кафани низ Македонија!

Продолжува расипништвото во Минисерството за одбрана, од страна на министерката и нејзините подредени кои се расфрлаат со народни пари, кревајќи чалам пред истиот тој народ додека уживаат на скапи ручеци на кои пристигнуваат со хеликоптери – пишува порталот “Инфомакс”.

Таков е и последниот случај.

Имено, Драган Николиќ инаку државен секретар во Министерството за одбрана вчера заедно со Радмила Шеќеринска и Катерина Ставревска (шеф на кабинет на Шеќеринска) беа на затварањето на летниот меѓународен кампус, од каде заминале на ручек и дегустација во винаријата „Тиквеш“.

Најверојатно, обилната дегустација и скапиот ручек биле премногу за „големците“ од МО, па наместо со автомобил си нарачале да ги земе армискиот хеликоптер – додаваат од “Инфомакс”.

Заедно со нив бил и државниот секретар на Црна Гора кој е во посета на Македонија.

Расипништво од вакви размери досега е невидено, особено ако се знае дека согласно правилникот, час летање со армискиот хеликоптер чини 200.000 денари, а ако се има во предви дека Шеќеринска и нејзиниот кабинет се расшетувале по Македонското небо, лесно може да се заклучи дека штетата по буџетот е далеку поголема – велат од “Инфомакс”.

Додека Шеќеринска и нејзиниот тим се расфрлаат со народни пари, возејќи се во армиските хеликоптери од ручек на ручек, од кафана во винарија и обратно, на листа на чекање на Фондот за здравство за лечење во странство има десетици дечиња, кои во очај бараат донации од граѓаните.

Безброј граѓани се на работ на егзистенција, а огромен процент немаат никакви примања ниту редовна секојдневна исхрана – завршуваат од порталот “Инфомакс”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.