“Инфомакс”: Определен пpитвop за гpaдоначалник и уште едно лице пopaди дeлeњe на пpeдизбopeн поткyп

Полицијата трага по градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и по лицето Лазо Кутуровиќ – Д’лгио поради давање на предизборен поткуп во Василево и во општините кои гравитираат околу Струмица, објави Инфомакс.

Јавен обвинител веќе определил мерка притвор за двајцата.

Според неофицијални информации, полицијата испратила покани до двајцата, но ниту еден не бил пронајден на нивните домашни адреси – велат од “Инфомакс.мк”.

Пред неколку дена на социјалните мрежи се појави аудио снимка на која може да се слушне гласот на градоначалникот на Василево Марјан Јанев, како заедно со градоначалникот на Дојран делат предизборен поткуп и ветувања,
пишува порталот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.