Зоран Заев ќе си поднесе оставка, дознава „Инфомакс“ од доверливи и добро упатни извори во СДСМ. Ваквата одлука на Заев доаѓа по неуспехот во Брисел и недобивањето на датум за почеток на преговори со ЕУ и покрај промената на државното име, договорот со Бугарија и Албанија
Од она што го дознава „Инфомакс“ од утринава во седиштето на СДСМ на Бихаќка состанати се сите потпретседатели на партијата кои се убедуваат да го премислат Зоран Заев да се откаже од намерата. Засега, претседателот на владејачката партија не ги прифаќа сугестиите на потпретседателите.
За намерата да си поднесе оставка, Заев ги информирал и дипломатите во Брисел.
Освен Зоран Заев, оставка најверојатно ќе поднесе и Никола Димитров, кој веќе се поздравил со делегацијата на МНР во Брисел, а пред членовите на истата изјавил „од понеделник повеќе не сум министер“, дознава „Инфомакс“ од извори во делегацијата.
Ова е втора најава за оставка на Димитров кој депонираше писмена оставка во МНР по неуспехот со „Илинденска“ и референдумот. Оставката според нашите информации е избришана од деловодните книги на МНР.
Извор: “Инфомакс”