Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот Инфомакс открива дека во наредните денови ќе се гласа недоверба на Владата на Зоран Заев. Тој е убеден дека ова гласање ќе биде успешно бидејќи како што вели постојата помали политички партии во коалицијата на СДСМ кои не можат да го премолчат националното предавство кое го прави Зоран Заев.
-Решението е да си даде оставка. Ќе си оди. Ние поднесуваме, не можам точно да кажам, но во следните денови малку да ја задржиме статегијата за себе, да не сме дотолку транспарентни. Ќе поднесеме барање за гласање недоверба на Владата и јас сум убеден во успех. Има политички партии кои што мислам дека ќе поддржат.
Јас го говорам тоа јавно. Постојат помали политички партии кои се во рамки на коалицијата на СДСМ, не говорам за ДУИ или за БЕСА. Говорам за помали партии кои што размислуваат да ја напуштат Владината коалиција бидејќи не можат да го поднесат националното предавство кое го прави Заев. Тоа се парламентарни партии, вели Николоски.
Емисијата “Прашањето ми е следно” на новинарот Александар Митовски можете да ја следите на порталот Инфомакс.