Како од антички Македонец Љупчо Георгиевски се претвори во најгласниот поддржувач на бугарските политики во Македонија, прашува порталот Инфомакс објавувајќи видео снимено на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во 1990 година.
-Европа нема да дозволи агресија врз Македонија од било која друга држава бидејќи војната со Македонија би била Балканска војна. Македонија беше поделена 1912 година.
Ако Македонија беше центар на случувањата, центар од кој излегуваат идеите, центар од каде поминуваа војските, центар веќе 2 илјади години. Ние сакаме да го повикаме Балканот, ние сакаме да ја повикаме Европа дека Балканот и Европа ќе се обединуваат во Македонија.
Оваа Македонија постои повеќе од 2 илјади години. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму од оваа наша почва македонска тргнаа војските на Александар Македонски.
Тргна една култура која постои во цела Европа и Азија. Од македонската земја тргнаа идеите на целиот Хеленистички свет. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека во Македонија првиот апостол христијански Павле стигна и ја рашири верата.
Сакаме да го потсетиме Македонецот дека првата христијанска црква е во Европа е во Македонија. Сакаме да го потсетиме Македонецот сe роди богомилско движење кое ја растресе цела Европа. Токму во оваа Македонија се родија Кирил и Методиј кои го описменија целиот словенски свет. Оваа Македонија беше една од најбогатите Турски провинции, велеше Љупчо Георгиевски во 1990 година.