Интервју со Стефан Спиркоски, млада искра во дресот на прилепска Победа

Стефан Спиркоски е млада фудбалска искра која за скоро време ќе разгори и ќе прерасне во вистински лидер на теренот. Неговата инспирираност, посветеност, желба за тренинг и докажување, ќе изградат од него врвен мајстор со фудбалската топка. Неговиот клуб е прилепска Победа, а црвено-белите и теренот на градски се негова желба и мотивација.

prva

– Од каде љубовта кон фудбалот?  Како започна твојата фудбалска авантура ?

-Љубовта кон фудбалот се појави уште од мали нозе,  а дружбата со фудбалската топка започна од 3та година од мојот живот. А и потеклото од фудбалска фамилија, како и честите посети на натпреварите од локалните клубови ме натераа да го засакам овој спорт и активно да почнам да се занимавам од мојата 6та година.

– Така е во спортот, некогаш победуваш а некогаш губиш. Кој ти е главен мотиватор пред натпревар, а кој главен критичар после пораз ?

-Желбата да го дадам својот максимум на секој натпревар и да се подобрувам од натпревар во натпревар, како и желбата за победа и тимска радост ме мотивираат да се фокусирам на секој натпревар и да го дадам најдоброто од себе. А како составен дел од секоја победа и пораз критиките и пофалбите се секогаш прифатени од моја страна посебно од мојот татко  кој со постојани совети и критики е секогаш тука да ме надоградува како играч и како личност.

treta

– Која е позицијата на теренот на која се чувствуваш најсигурен ?

-Најсигурно место  на теренот ми е рамо до рамо со моите соиграчи. Би играл на секоја позиција доколку е тоа потребно за тимскиот успех.

– Кој е твојот фудбалски идол во однос на позицијата на која играш ?

-Како најстандарна позиција на ми е централното место во одбраната, каде играше и мојот долгогодишен идол Карлес Пујол.

– Имаш ли можеби некој ритуал пред натпреварите ?

-Посебни ритуали не постојат, самодовербата секогаш е на прво место, но пред секој натпревар врвките од копачките ги ставам од десната страна на копачката.

cetvrta

-Koj е најголемиот индивидуален или тимски успех во твојата досегашна фудбалска кариера ?

-Досегашен најголем индивидуален и тимски успех е освојувањето на втората лига и континуираното играње во македонската супер лига изминатите 2 години.

– Моментално настапуваш за кадетската екипа на Победа. Ги има ли клубот потребните услови за напредок на играчите и подобрување на формата ?

-Упатувам голема благодарност до раковотството на клубот и нашите тренери  кои постојано се трудат да ги вложат сите ресурси, човечки и материјални  за ние како играчи да напредуваме и да можеме да ја одржуваме нашата форма на врвно ниво.

– Состојбата на фудбалот во Македонија се повеќе се подобрува. Младите репрезентативци за прв пат на Европско првенство, клубовите се поблиску до пласман во големите европски натпреварувања. Каде се гледаш ти во иднина ? Која е твојата желба?

-До најголемите височини се стигнува со ситни чекори. Сакам да напредувам пред се на клубски план, да ги бранам боите на мојот матичен тим прилепска Победа, а играњето за репрезентативниот дрес  е посебно чуство кое верувам секој играч го посакува.

vtora

– Како успеваш да направиш баланс меѓу спортот, дружењето и учењето ? Бара ли спортскиот успех некаква жртва ?

– Сепак како средношколец во  4та година , научив дека нема важни и помалку важни работи. Секојдневните тренинзи го стеснуваат обемемот на слободното време , некои денови морам да отсуствувам од училиште или да го намалам времето со пријателите. Но се трудам правилно да ги распоредам сите обврски и да најдам време за пријателите, учењето и семејството.

– Кој е патот до успехот според Стефан ?

-Според мене патот кон успехот е голема верба во себе и своите способности, добра организација, упорност и љубов во целиот процес.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.