Во издание и под покровителство на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, наскоро се очекува излегување од печат на книгата „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“ од историчарот Александар Донски. Освен на македонски, книгата ќе биде објавена и на англиски и на грчки. Ја користиме оваа прилика да поразговараме со авторот на книгата Александар Донски.
Г-дине Донски што ќе содржи книгата „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“?
Во книгата на едноставен начин се објаснети сите клучни прашања од историјата на Македонија и етногенезата на Македонците. Освен за македонската публика, книгата ќе биде наменета и за странците кај нас, но и за Македонците во егејскиот дел на Македонија, кои немаат доволно познавање за историјата на Македонија и Македонците, или имаат погрешни познавања под влијание на грчката и бугарската анти-македонска пропаганда.
Кажете ни некои конкретни примери од содржината?
Да почнеме со античките Македонци. Наспроти тврдењата на грчката пропаганда и историографија за нивното „грчко потекло“, во книгата нудам сведоштва и цитати од десетици антички автори кои сведочеле дека античките Македонци не биле никакви Грци (Хелени). Впрочем, јас сум автор на документарната серија во четириесет епизоди под наслов „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ која на англиски и на македонски е објавена на мојот историски канал на Јутуб „Aleksandar Donski history channel“, а беше емитувана и на ТВ, па во книгата ќе бидат претставени најударните сегменти од овие истражувања.
Кој е вашиот став во однос на етногенезата на денешните Македонци?
Сосема во склад со научните докази засновани врз ДНК анализите, а тоа е дека денешните Македонци во значителна мера се потомци и на античките Македонци. Освен ДНК анализите (кои се неприкосновени), постојат уште многу други докази во прилог на оваа вистина и истите ќе бидат изнесени во книгата. Постојат голем број културни ел嬬менти (обичаи, обреди, народни верувања, фолклорни мотиви и дру¬го) кои останале уште од античките Македонци среде Маке¬донците во XIX и XX век. Значаен е и податокот дека во македон¬ски¬от фолк¬лор постојат бројни македонски народни творби (песни, при¬каз¬ни, легенди, пре¬да¬ни¬ја и сл.) посветени на некои од античко-¬маке-донските владе¬тели или јавни личности. За вак¬вата појава сведочеле и странски патеписци, кои ја посетувале Македонија.
Го спомнувате и грчкиот терор против Македонците?
Во книгата се претставени сведоштва за грчкиот терор против Македонците уште од навлегувањето на грчките војски во Македонија во 1912 година, па се до Граѓанската војна во Грција, во која најмногу настрадале Македонците.
Како ќе биде дистрибуирана книгата?
-Книгата на англиски ќе биде бесплатно делена на странски субјекти кои работат во Република Македонија или ја посетуваат. Секако дека можат да ја набават и нашите заинтересирани иселеници доколку контактираат со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип. Што се однесува до изданието на грчки, освен во хартиена, книгата ќе биде објавена и во електронска верзија.
Што очекувате од оваа книга?
-Неприкосновените аргументи што ги нуди книгата на своите стотина страници претставуваат силно оружје против анти-македонските пропаганди. Воедно книгата ќе послужи и како информативно четиво за добронамерните странци, вклучително и Грци.
Кога ќе биде реализиран овој проект?
-Тоа ќе зависи и од собраните средства. Секој што сака може да го поддржи овој проект, а за возврат секој спонзор ќе добие соодветен број примероци и името ќе му биде спомнато во книгата (доколку тоа го сака). Секој заинтересиран да помогне може да контактира со ЗМЕМ „Мирка Гинова“ на е-маил адресата на здружението [email protected] или со секретарот на здружението Величе Николова на телефонскиот број 071-314-902, а секако и со мене како автор на [email protected] или преку фејсбук.