Интензивно, цела вечер, се чистеа улиците и патиштата во Општина Прилеп

6658-intenzivno-cela-vecer-se-cistea-ulicite-i-patishtata-vo-opshtina-prilep-960x600-2

Екипите на фирмата која е задолжена за зимско одржување на улиците во Прилеп, „Пела Транс“ и на „Македонија пат“ цела вечер интензивно ги чистеа улиците и патиштата на територијата на целата општина. Увид во работите изврши градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.

6658-intenzivno-cela-vecer-se-cistea-ulicite-i-patishtata-vo-opshtina-prilep-960x600-11

„Вечерва сме на обиколка на улиците низ градот и во посета на подружницата на „Македонија пат“, целта е да видиме како се работи на терен, и како екипите се справуваат со новите снежни наноси, кои се очекува да бидат уште поинтензивни во текот на наредните денови. Максимално одговараме на предизвиците, сите екипи се активни 24 часа на ден, и на „Македонија пат“ и на фирмата која ги одржува улиците „Пела Транс“. Во текот на денот ќе се ангажираат и екипите на ЈКП „Комуналец“ за да се расчисти плоштадот и другите пешачки патеки во централното градско подрачје“, рече Марјан Ристески, градоналник на Прилеп.

6658-intenzivno-cela-vecer-se-cistea-ulicite-i-patishtata-vo-opshtina-prilep-960x600-8

Инаку општина Прилеп важи за една од општините со најисчистени коловози на ниво на Македонија.

6658-intenzivno-cela-vecer-se-cistea-ulicite-i-patishtata-vo-opshtina-prilep-960x600-5

„Интензивно веќе 2 недели, се работи на расчистување на улиците во Прилеп, кои се од прв и втор приоритет, и нормално на локалните патишта во општина Прилеп. Фирмата која е задолжена за одржување за зимско одржување, „Пела Транс“, деноноќно е активна, така што се прилагодува на сите услови. Се надевам дека и овие нови наноси на снег ќе ги дочекаме подготвени“, кажа Бранко Нешкоски, раководител на ЈП за ПУП.

Од „Македонија пат“ – Прилеп потенцираа дека сите магистрални и регионални патишта кои излегуваат и водат кон Прилеп се проодни за сообраќај.

„Веќе 14 дена откако започнаа ниските температури и врнежите на снег екипите на „Македонија пат“ – Прилеп работат по 24 часа на ден за чистење на патиштата, потрошени се над 500 метри кубни абразивен материјал. Во моментов сите патни правци се опесочени и посолени, застој во сообраќајот нема и проодни се сите патишта на ниво на општина Прилеп“, рече Гоце Стефаноски, раководител на „Македонија пат“ – Прилеп.

6658-intenzivno-cela-vecer-se-cistea-ulicite-i-patishtata-vo-opshtina-prilep-960x600-10

Од локалната самоуправа на Прилеп истакнаа дека доколку во наредните денови има поголеми наноси на снег, ќе биле повикани и градежните фирми со својата механизација да помогнат во расчистувањето на одредени сообраќајници. Територијата на општина Прилеп е една од најголемите во државава, и навистина е голем предизвик сите патишта да се одржуваат чисти и општината нормално да функционира.

6658-intenzivno-cela-vecer-se-cistea-ulicite-i-patishtata-vo-opshtina-prilep-960x600-7

6658-intenzivno-cela-vecer-se-cistea-ulicite-i-patishtata-vo-opshtina-prilep-960x600-16




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.