Интензивно се работи на уредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1

Интензивно се работи на доуредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1. Во тек е асвалтирање на главната улица која води до индустриската зона во должина од 350 метри. Во индустриската зона Прилеп 1 експресно беа продадени сите 21 парцела, а моментално се градат 6 објекти за кои инвеститорите имаат прибавено одобрение за градба, а останатите се во тек на постапка.
„Продолжува изградбата на инфраструктурата во зоната Прилеп 1. Лани ги поставивме водоводната и канализационата мрежа, а годинава продолжуваме со доградбата на целосната инфраструктура и асфалтирањето. Ќе се асфалтираат сите улици во зоната и пристапот до сите парцели во должина од 700 метри. Од буџетот на локалната самоуправа, за оваа намена се издвоени 13 милиони денари. Исто така подготвени за продажба се и 10 парцели во индустриската зона Прилеп 2 кај Сточното пазариште. Таа зона ќе биде наменета претежно за мали и средни претпријатија“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.
Интензивно се работи и на уредување на инфраструктурата во Слободната зона или Технолошко развојната индустриска зона Алинци, каде според најавите, во октомври со работа треба да започне американскиот гигант од автомобилската индустрија Гентерм. Моментално во зоната е донесена струја, веќе е поставена и трафостаницата на ЕВН, а се работи на изградба на улиците, водоводната и канализациона мрежа. Улиците во ТИРЗ се со должина од 2,1 километар.

 

[Best_Wordpress_Gallery id=”3″ gal_title=”Интензивно се работи на уредување на инфраструктурата во индустриската зона Прилеп 1″]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.