Нигериецот Симон Поликарп, познат како Џими, е изненадувачкиот кандидат за градоначалник на Штип.
Џими ќе натпреварува во „трката за прв човек на градот“ како претставник на Интегра – Македонска конзервативна партија.
Симон Поликарп, е роден во Нигерија, а во Штип дојде да студира, по што веќе неколку децении живее и работи во градот.
Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори.