Институцијата во Прилеп каде постоеше сомнеж за голем криминал, доби нов директор

Институцијата која изминатите години ја следа повеќе скандали, конечно ќе добие нов директор.

Станува збор за Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, каде директорската функција во изминатите години ја извршуваше Дејан Тошески.

На негово место треба да дојде Зоран Малкоски, долгогодишен професионалец вработен во оваа институција.

ЈУМЦСР Прилеп во изминатите години го следа повеќе скандали, а последниот кој одекна во целата јавност беше со индициите кои ги сподели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

Зоран Малкоски

Според Велкоски, над еден милион евра државни пари во изминатите години биле незаконски поделени како социјална помош, а најмногу пари биле потрошени токму во Прилеп и Гостивар.

Дејан Тошески

Тошески тогаш ја демантираше оваа информација, но најавите од тогашниот технички министер беа дека новата влада со сигурност ќе ги испита овие индиции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.