Инсталацијата „Премин“ од уметникот Атанас Атанасоски пред прилепчани

Во галеријата Аче при ЦК„Марко Цепенков“ е поставена инсталацијата „Премин“ од уметникот Атанас Атанасоски, што е дел од манифестацијата Нов културен бран на Министерството за култура.

-Идејата за реализација на проектот се надоврзува на претходните изложби во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката- геомтеријата и имаат за цел да ја бараат естетиката на хармонизирањето на соживотот меѓу природата и човекот.

Таа нуди можност за пристап кон уметnичкото изразување кое поради растечките еколошки и социјални проблеми станува се порелевентно и социјално ангажирано. Играта на точно одредените линеарни визури, ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податани ресурси при обликувањето на вегетативните структурални површини.

Од културната стратиграфија, како инспиративен момент е пејзажниот знак, кој и претходно бил својствен мотив за мојот творечки сензибилитет. Ликовните фасцинации на вегетацијата каратеристична за нашето поднебје во овој проект нема само декоративна функција, туку претставува конститутивен елемент кој ќе ја изгради семиолошката и симболичка структура.

Се манифестира како стилистички факт на просторни метафори, откривање на галактички светови. Ритамот на сопствениот тивок криптичен говор, редењето на трновитата вегетација од спектар на структура и колорит, дел по дел, ќе се соединат во една целост, која ќе рефлектира високо низ континуирано високо софистицирано „текстуално“ ткаење.

Различните геометрсики ба – релејфни мотиви, прелеани во својата глобална композициска структура,низ континуираното ритмичко мултиплицирање во различни насоки го активира динамичниот тек на ликовното дело. Светлината вибрира врз композицијата, со благите прелвања на светло – сенките, уште повеќе ја ритмизираат и динамизираат играта на фасцинации, создавајќи го моменталниот мозаик – вели уметникот Атанасоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.