Андроид и iOS корисниците на апликацијата „Инстаграм“ отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на „Инстаграм стори“ опцијата.
„Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.
Како „Инстаграм квиз“ опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на „Инстаграм“ на мрежата „Твитер“.
Starting today, you can use the new quiz sticker in Stories to ask your friends and followers a multiple-choice question. See how well your friends know you. ?? pic.twitter.com/a6y1PaOnSY
— Instagram (@instagram) April 23, 2019
Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека „Инстаграм“ тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.