Два големи супермаркети ќе подлежат на ригорозни контроли околу начинот на кој ги формираат цените. Премиерот Мицкоски денеска на прес конференција рече дека заедно со надлежните инспекции и министерства влегува во длабока контрола на овие два ланци.
Според Мицкоски оние кои што шпекулативно и со притисоци влијаат на формирањето на цените при тоа трупајќи големи маржи го напаѓаат стандардот на граѓаните а со тоа и државата
„Ние како Влада сме должни да го браниме стандардот на граѓаните“ – рече Премиерот.