Иницијативниот одбор за доизградба на храмот Св. Петка во Прилеп не запира: Во понеделник уште еден прекрасен концерт на платото пред црквата

Иако временските прилики синоќа беа лоши, па наместо на платото пред црквата, синоќешниот хуманитерен концерт за доизградба на храмот Св. Петка во Прилеп, се одржа во самиот храм, беше уживање да се проследат настапите на женскиот камерен хор „Керамија“ и црковниот хор „Св. Петка“.

Иницијативен одбор на хуманитарните концерти “Од векови за векови” при црквата не застанува тука. Веќе во понеделник, на 29 јули, во прекрасниот амбиент на цветниот двор пред храмот, ќе настапи Ламбе Алабаковски, кој ќе пее како вокал заедно со познатата група Марифет.

Тие ќе изведуваат македонски евергрини од 80-тите и 90-тите години, народни песни и авторска музика на Ламбе, во аранжман на групата, создавајќи една уникатна и неповторлива музичка формација.

Дојдете да уживаме заедно под отворено небо, исполнето со музика, радост и хуманост. Вашето присуство ќе биде значајна поддршка во нашите напори за доизградба на храмот „Св. Петка“. Нека оваа вечер биде повод за заедничко уживање и зближување во верата и љубовта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.