Инает голем колку планина: Запалил 700.000 евра, само за да не ѝ ги даде на поранешната сопруга

Канадски бизнисмен ги шокирал сите собрани на суд кога кажал дека запалил речиси 700 000 евра за да не ѝ ги даде на поранешната сопруга за алиментација.

Брус Меконвил (55) под заклетва тврдел дека парите ги подигнал од шест банки во 25 дела и готовина од милиони канадски долари (околу 700 000 евра) и ги запалил на две клади на 23.-ти септември и на 15-ти декември минатата година. Тој изјавил дека има и потврди да го докаже тоа, ама дека никогаш не го видел како ги пали парите ниту има снимка од тоа.

Меконвил открил дека мотивот за неговиот чин била фрустрацијата од бракоразводната парница и дека знаел дека на тој начин ќе им наштети на своите деца.

-Ги запалив. Тоа не е нешто што инаку би го сторил, а не сум ни претерано материјалистичка личност. Секогаш сум бил економичен, затоа работата ми траеше 31 година, изјавил бизнисменот на суд.

Меѓутоа, судијата не бил одушевен од изговорот и му било тешко да поверува во приказната па го испратил 30 дена во затвор поради непочитување на судот и му се заканил со уште поголема казна ако продолжи да лаже.

-Сметам дека тоа што го тврдите дека сте го направиле е за секоја осуда затоа што е намерно и директно го загрозува интересот на вашите деца, изјавил судијата Кевин Филипс.

Ова се чини не бил прв случај на Брус да ја избегне алиментацијата. Порано продавал делови од својот имот и капитал на поранешниот книговодител, иако му било кажано да не го прави тоа додека се утврдува нивната вредност.

И понатаму останува мистерија колку имот и колку пари има Меконвил. Судот не може да утврди колку ѝ должи на поранешната сопруга па поради тоа не ѝ плаќал ништо, ама при претходното сослушување му било наредено за секој ден од казнувањето да ѝ плати казна од 2000 канадски долари на својата сопруга.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.