На 92 годишна возраст денеска почина Илија Андонов – Ченто, син на Методија и министер во првата влада на независна Македонија.
Илија Андонов беше градежен инжинер, и учествувал во изградба на браната Калиманци. Син е на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на президиумот на АСНОМ.
Погребот на Илија Андонов ќе биде денеска на гробиштата Бутел во Скопје во 15 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 14 часот.