ИН МЕМОРИАМ: Почина истакнат прилепски стопанственик

Почина Кирил Тодороски – Темпо (роден на 23.12.1957), еден од сопствениците на компанијата Ројтем од Прилеп, позната под брендот Елит Кафе.

-Кирил зад себе остава силен печат, како човек со препознатлив позитивен дух, голема посветеност и љубов кон својата работа. Со години беше двигател во развојот на компанијата, присутен во секојдневието на вработените, клиентите и партнерите. Неговата насмевка, поддршка и искрена човечност ќе недостасуваат на сите што имаа чест да го познаваат – напишаа од компанијата во соопштение на социјалните мрежи.

На семејството, пријателите и сите блиски им изразуваме искрено и длабоко сочувство.

Телото ќе биде изложено на Нови градски гробишта во Прилеп на 04.12.2025 (четврток) од 10:00 до 12:00 часот, а погребот ќе се одржи во 12:00 часот.

Нека му е вечна слава и мир на неговата душа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.