Појавата на херпес на усните значи дека вашиот имунитет е брзо опаднат или е резултат на друга болест или состојба. Може да се случи како реакција на телото од ПМС, голем страв, стрес или нервоза. Исто така, може да биде придружен дел од некои вирусни инфекции или температури, па затоа народот вели “температурата е виновна”.
Херпесот всушност е вирусна инфекција, обично за прв пат од детството, но исто така може да се случи многу пати во текот на животот. По првата инфекција, вирусот останува во нервните клетки, а во зависност од состојбата на имунитетот и болеста, може да се реактивира.
Најчесто се појавува на истото или приближно на истото место.
Треба да се биде исклучиво внимателен бидејќи херпесот е заразен. Затоа, ако го имате, никогаш не бакнувајте мали бебиња, особено новороденчиња, бидејќи може да дејствуваат деструктивно на нив.
Не споделувајте чаши и ноктарица
Ако другите во вашиот дом веќе имаат херпес на усните, избегнувајте да делите чаши и да се бакнувате за да не се заразите. Бидете внимателни ако повеќе пати јадете со рацете од ист сад, на пр. чипс и други закуски, бидејќи тоа е еден од начините за повторно активирање на вирусот.
Како се развива?
Еден или два дена пред појавата на херпес, местото каде што ќе се појави може да ве пецка и да биде чувствително. Потоа, настануваа меури кои пукаат со време, а потоа жолти красти и рани. Заедно од појава до исчезнување трае 7-10 дена.
Одмарајте и што повеќе одбегнувајте стресни ситуации. Смеата, исто така, ќе делува како херпес лек, бидејќи го стимулира имуноглобулинот А, протеин кој му помага на организмот да се бори против инфекции.
Ви претставуваме најевтин лек за херпес кој се прави дома – Поминува за ден до два
Се што ви треба имате дома во кујната. Оваа паста лесно и брзо се прави, евтина е и најважно од се, делотворна.
Потребна ви е една лажичка пченично брашно и малку вода, колку пастата да се раствори.
Со помош на газа се става неколку пати на ден од смесата на херпесот.
Ќе помине за ден до два.
Извор: “Инфомакс”