Имате лош здив? Ова се совети кои ќе го решат вашиот проблем !

82673_couple05-stock-thinkstock_ff

Ако имате проблем со лошиот здив, не грижете се, постои решение за овој проблем. За овие совети ви е потребно малку време, а ќе го решите проблемот за секогаш. Ако и после ова лошиот здив постои, тогаш сигурно имате посериозни здравствени проблеми кои се решаваат на друг начин.

  • Јадете здрава и балансирана храна. Јадете повеќе брокула, компири и свежо овошје. Тоа ќе ги регулира маснотиите и ќе влијае на здивот.
  • Не заборавајте на зеленчукот. Здравата храна го “убива” лошиот здив и со текот на времето тој ќе исчезне.
  • Почесто јадете јаболка.
  • Треба да пиете многу вода. Водата ги чисти бактериите и му помага на телото да функционира. Заменете ги газираните сокови со вода.
  • Кафето заменете го со зелен сок или чај. Зелениот сок содржи ниско ниво на киселина за разлика од кафето.
  • Од време на време изџвакајте свеж магдонос. Можеби ви звучи смешно, но ова растение го освежува здивот.
  • Пиењето јогурт ќе ви помогне. Тој ќе ви помогне да ги внесите корисните материи кои се неопходни за организмот, а ќе ги отстрани штетните материи кои создаваат лош здив.
  • Секој ден мијте ги забите и користете конец за заби.
  • Користете вода за миење на устата.
  • Џвакајте гуми за џвакање без шеќер.
  • Држете се подалеку од цигари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.