Има само 16 години, доаѓа од Индија, ги брани боите на Прилеп и прави чуда на Европските и Светски шаховски купови

Домарају Гукеш е 16-годишен шахист кој е член на прилепскиот шаховски клуб “Прилеп”. Гукеш стана третиот најмлад играч во историјата кој постигнал рејтинг од 2.700.

Младиот Индиец од минатата сезона е дел од прилепскиот шаховски клуб, а во последниот период бележи огромни успеси.

„Честитки до 16-годишното индиско шаховски чудо Гукеш што стана третиот најмлад играч во историјата што преминал 2700! Прилеп е горд што во своите редови го има ова чудо од дете. Заедно со Гукеш го освоивме четиринаесетто место во Европа, а тој на првата табла на ШК Прилеп освои златен медал. Ден за паметење и историја“, велат од редовите на прилепскиот клуб.

На последниот Европски клупски Куп кој се одржа во Струга, Гукеш заврши како најдобар од сите 277 учесници, иако на стартот од натпреварувањето беше рангиран на 42. место.

На Светското првенство во Варшава, кое што се одржа минатата година, Гукеш одново имаше фантастичен настап и го подели петтото место со само половина поен помалку од шампионот Карлсен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.