При крај е реконструкцијата на прилепската општа болница “Борка Талески”. Резултатите се евидентни и веќе се гледа новиот лик на сите болнички одделенија. По комплетирањето на реконструкцијата на болничките одделенија, ќе се пристапи кон реконструкција на амбулантите, одделението за рентген дијагностика и лабораторијата. Болницата го менува својот лик во секој поглед, па за брзо и комплетно ќе биде променет ликот на оваа најголема здравствена установа во градот.