Утре (09.07.2019) со почеток од 20:00 часот, во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, солистички концерт на виолина ќе одржи младиот виолинист Леонардо Димоски.
Биографија:
Леонардо Димоски роден е 2004 год. во Битола. Музичкото образование го започнувa на 6 годишна возраст во Прилеп во ООМУ “Ордан Михајлоски Оцка”, во класата на проф. Оливера Гемту и ментор проф. Ванчо Стоилков. Oд јануари 2017 год. е под менторство на м-р проф. Сихана Бадивуку, во класата на проф. Љупчо Трајаноски. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари :
Учествувал на ” Виолин Фест” – Скопје, во 2016 и 2017 год., учесник е на Третата меѓународна конференција “Образование преку граници” – Битола, учесник е и на Новогодишните хуманитарни концерти на Педагошкиот факултет во Битола.
Посетувал семинар по виолина кај доц. м-р Михаило Куфојанакис, проф.Paul Rochek( Austria ), Тedi Papavrami (Geneva) и м –р Владимир Марковиќ.
Прв самостоен солистички рецитал – март 2017 год. во Прилеп.
Концерт со Македонска Филхармонија во Скопје – мај 2019 год.