Дирекрот на ООУ “Климент Охридски” Ахил Јаков, пред една недела повика да се спаси животот на 11-годишна ученичка.
Како што напиша тој, пред извесно време девојчето доживеало тежок мозочен удар, а после ударот девојчето за 98% го загубило видот, говорот и целата десна страна на телото. Итно е потребно лекување во Краков, Полска, а на родителите им се потребна финансика помош за да го поминат овој кошмар.
Досега хуманоста на граѓаните и прилепските компании тежи 482 330 денари, а сумата постојано се зголемува.
За да и помогнете на малата Евгенија Јоновска може да донирате на жиро сметката: 300027029873372 – Комерцијална банка.