Односот помеѓу спортот и локалната самоуправа, можностите за финансирање и инвестиции, како и чекорите кои треба да се превземат за подобрување на професионалниот спорт беа дел од темите на кои се дискутираше на спортскиот самит Today’s Sport – Идни предизвици во спортот и образованието, каде еден од говорниците беше и заменик министерот за труд и економија, Марјан Ристески.
На овогодинешниот спортски самит учество зедоа голем број на спортисти, спортски работници, менаџери, агенти и универзитетски професори од државава и странство, како и голем број претставници на централната власт и локалните самоуправи.
-На панел дискусијата „Можности за финансирање и инвестиции во спортот“ со моите соговорници дискутиравме околу потенцијалот за инвестирање во спортот и спортската инфраструктура, нивната исплатливост и на крај како да се создадат услови за создавање на трајни вредности во спортот. Честитки до Здружението за развојни иницијативи Геостратешки институт ГЛОБАЛ кои по трет пат го организираат овој самит кој е најголем и најмасовен спортско-образовен настан во нашата држава – напиша Ристески на социјалните мрежи.