ИМА КОЈ ДА ГО НАСЛЕДИ: Детето кое го слушнавме на пocтхумниот албум на Тоше Проески денес има 21 година и чекори по стапките на својот вујко

Тоше Проески нè нaaпушти пред речиси 12 години, а неговите песни се пеат и денес. Секако, тaaгата за него не престанува такашто фановите сè уште во солзи зборуваат за него. Кристијан Ристески, внукот на Тоше тргна по истите стапки како неговиот вујко, кој секогаш му бил пример.

Младото момче има 20 години и е студент на Факултетот за аудиовизуелни уметности во Скопје. Пред две години му се укажа можност да соработува со британскиот продуцент и соработник на Тоше, Енди Рајт, па отпатувал за Лондон.

Инаку и самиот Тоше согледал талент во својот внук, па двајцата снимиле дует. Станува збор за песната “My Little One”, која се најде на постхумниот албум на англиски јазик “The Hardest Thing”.

Кристијан е активен на социјалната мрежа Инстаграм, каде покрај фотографиите од неговото секојдневие, можете да погледнете и фотографии од неговиот вујко.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.