Кети Лајтфут сподели видео кое покажува колку децата можат да бидат прилагодливи. Имено, нејзиното едногодишно девојче претпоставува дека сè околу неа е всушност место за дезинфекција на рацете.
Видеото стана вирално, а додека некои го нарекуваа смешно, други сметаат дека ваквата сцена е срцепарателна. Но, без оглед на вашето мислење, мора да се согласите дека ова преслатко девојче е навистина посветено на Ковид-19.
– Кога вашата прва година од животот е 2020 година, сè е станица за дезинфекција на рацете“, напиша Кети во описот на видеото, кое во меѓувреме се најде на популарната страница „Редит“.
Видеото погледнете го ТУКА