Има 97 години, на функцијата е од 1971 година, а повторно ќе се кандидира за градоначалник

Најстариот градоначалник во Франција, Марсел Бертом има 97 години, а на функцијата ја извршува од 1971. Бертом не се откажува, и на локалните изборите во март планира повторно да се кандидира за градоначалник на градчето Сент Серин сур Исли.

-Има уште многу работи кои треба да се направат. Пред мене има уште многу предизвици кои треба да се преземат, изјави Бертом.

Тој на последните локални избори во Франција во 2014 година е избран без противкандидат, но овој пат ќе има двајца противкандидати.

Градчето се наоѓа во близина Бордо, а има околу 3.000 жители.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.