Има 93 години и не се плаши од никаква кopoна: Добрила приреди вистинско шоу покрај Дојранското езеро (Видео)

Добрила Ивановска Чабриќ (93) од Дојран на јавноста и стана позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, каде со нејзината неверојатна енергија, позитивност и талент го освои целиот регион.

Пред неколку дена на јутјуб каналот од “Гранд” објавено е видео од настап на Добрила во Дојран, каде таа покажа дека не се плаши од никаков виpyc. Со својот глас и енергија го подигна расположението на сите оние кои топлото време го искористија да прошетаат покрај езерото.

“Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков виpyc, ниту кopoната ми смета да го правам она што го сакам. Преживеав и полоши години од пандемиjaта”, вели Добрила.

“Времето го поминувам многу корисно и никогаш не ми е досадно. Ја завршувам полека мојата прва книга во која ќе ги раскажам сите детали и искуства од мојот богат живот. Верувам дека тоа ќе биде бестселер, затоа што имам многу позади себе, што ќе биде поучно за многумина”, додава Добрила.

“Иако имам 93 години, го живеам својот живот кој е многу краток и убав. Искрено да ви кажам, дури сега во овие години ја гледам убавината на животот, а оној кој ќе ме запознае знае дека со мене времето многу брзо поминува. Ниту kopoната не ми смета да живеам со полн здив и да се радувам на работите кои ме прават среќна”, додава таа.

Слушнете го настапот на Добрила покрај Дојранското езеро во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.