Црковните храмови во Прилеп беа претесни да ги соберат сите верници на едно место. Илјадници прилепчани заедно и духовно обединети ја дочекаа радосната вест за воскресението на Господ Бог Исус Христос.
Во овие тешки времиња кога луѓето се поделени по различна основа, црквата и религијата се тие кои ги обединуваат луѓето и ги тераат да заборават на сите меѓусебни разлики.
“ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА”